Караванот за имунизација против Ковид-19 денеска беше во Струмица
ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица во соработка со Министерство за здравство и поддршка од СЗО, УНИЦEФ и УСАИД денеска организираше имунизација против Ковид-19 на Градскиот плоштад во Струмица во рамки на караванот за вакцинирање.
Граѓаните најмногу се интересираа за примање трета доза вакцина, а имаше и такви кои вакцина примиле во странство и тука ги евидентираа примените дози.
-Апелираме до сите граѓани кои досега не се вакцинирале тоа да го направат за да се стекнат со имунитет против Ковид-19 и да се заштитат против тешка форма на болеста и смрт. Треба да бидеме одговорни и да се вакцинираме ние и нашите најблиски, истакна директорката на струмичкиот здравствен дом, Љубица Митева.
Информираше дека во Струмичко досега се аплицирани 57.194 дози вакцини во периодот од почетокот на имунизацијата до завчера.
Караванот вчера беше во Радовиш, а утре продолжува во Општина Ново Село.
Ново на Сител
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот
-

Кривична против две лица од Велес, одзеле паричници со пари по што од банкарски картички подигнале 23.000 денари
-

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
-

Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
