Каратистите на Макпетрол се вратија од турнирот „Kроација опен“ во Ријека
Ангела Мојсовска (-68 кг,Макпетрол) го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека.
Мојсовска до медалот стигна со три победи и еден пораз. Таа во првото коло ја совлада Деси Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето беше подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето Анѓела загуби од домашната натпреварувачка Хрватската стандардна репрезентативка, Ивана Бебек со резултат 1-3.
Да потсетиме само дека Анѓела се натпреваруваше и во конкуренција на помлади сениори У21, во истата категорија -68 кг. Во оваа конкуренција таа се бореше директно за бронзениот медал, но не успеа да го освои и беше петто пласирана. Во првото коло забележа пораз од Прга Ирена со резултат 0-5, , меѓутоа потоа имаше две блескави борби во репасажот за да дојде до бронзениот медал. Тие борби ги победи со, Шрафер Ким од Швајцарија 4-3, и во следниот натпревар беше подобра од Свелд Аника од Норвешка, И во директната борба за бронзен медал загуби од Италијанката Рубине Деси со 1-3.
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски ни изјави: - Ова беше многу силен силен натпревар и претставуваше последна контрола пред светското првенство кое треба да се одржи во месец Октомври во Тенерифе, Шпанија. На турнирот имаше државни репрезентации и каратисти од 28 европски држави кои дојдоа во Ријека, да ја контролираат својата пдготвеност. Ангела Мојсовска на овој турнир покажа добра подготвеност и голема зрелост, таа имаше осум борби и успеа да освои сребрен медал впо сениорска конкуренција иако е јуниорка. Поради тоа јас сум многу задоволен од нејзиниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на светското првенсто во Шпанија. Од останатите наши репрезентативци Моника Пендаровска не успеа да освои медал, меѓутоа имаше добри настапи, додека Петар Заборски воопшто не отпатува бидејќи непосредно пред поаѓањето тој се разболе и одлучивме да го поштедиме. Петар Заборски, последната контрола ќе ја направи следниот викенд на турнир од Светската 1 премиер карате лига серија А, во Салзбург, Австрија:- заврши Заборски.
Во Хрватска учествуваа 1729 спортисти од 28 држави
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство