Карантинот во Грција продолжен до 18 јануари, се отвораат само основните училишта и градинките
Со исклучок на градинките, забавиштата и основните училиштата, кои се отвораат во понеделник, актуелните рестриктивни мерки во Грција, односно карантинот и полицискиот час се продолжени до 18 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19, рече дека одлуките за евентуално олабавување на актуелните мерки, ќе се соопштуваат на седмично ниво.
На 3 јануари беа затворени бизнисите што отворија пред празниците, односно фризерските салони и берберниците, салоните за нега на нокти, центрите за технички преглед на возила, книжарниците и услугата „click away“, односно подигање нарачка од продавниците, а конкретната одлука е продолжена за уште една седмица.
Мерките се согласно препораките на надлежната комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, а зелено светло, единствено дадоа за отворање на градинките, забавиштата и основните училиштата.
Професорката Вана Папаевангелу, која е член на комисијата рече дека училиштата треба да бидат последни што се затвораат, а први што се отвораат.
Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран 721 нов случај на Ковид-19 и уште 49 смртни случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 143.494 лица, а на починати на 5.195 лица.
Карантинот во Грција беше воведен на 7 ноември 2020 година и на неколкупати беше продолжуван.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови