Карамбол кај Пресека, поради голомразица се излизгаа 6 возила

Пет патнички и едно товарно возило се излизгаа од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета, информираше Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Според полициското соопштение, причините за излизгувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите на патот.
- СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид-Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За настанатата состојба, СВР Охрид ја извести „Македонија-пат“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот кризен штаб, како и другите надлежни инстанци, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
Екипа на СВР - Охрид во која има претставник на Општинскиот совет за безбедност ќе направат увид на патниот потег каде е случено излетувањето на автомобилите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
