-->
-->
Карамбол: Автомобил влета во толпа пред казино во Лас Вегас
-->

Автомобил влетал и покосил група луѓе во Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада. Настанот се случил пред хотелот „Париз“ и хотелот и казино „Планета Холивуд“, каде малку пред тоа завршило натпреварувањето „Мис Универзум 2015“.
Во инцидентот загинаа три лица, а 33 се повредени, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американските медиуми.
Зад воланот на возилото била жена, која прво побегнала од местото на настанот, но малку подоцна и се предала на полицијата.
Според некои непотврдени информации, во автомобилот имало и тригодишно дете.
На жената и бил направен алко тест во крвта.
Полицијата засега не се изјаснува околу причините за инцидентот и околностите за тоа што се случило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
