Караманлис: Потписот на Преспанскиот договор не дава автоматски билет за ЕУ!

Во однос на Северна Македонија никој не треба да си замислува дека со потпишувањето на Договорот од Преспа автоматски се добива и билет за Европската Унија – изјави вчера во Солун Костас Караманлис, поранешниот премиер на Грција, кој ја блокираше поканата на Македонија за НАТО во 2008 година.
Караманлис додаде дека Грција можела и може да бара уште повеќе во врска со северниот сосед, кој според него, има и други проблеми освен оние со Грција.
Во својот говор одржан вчера вечер пред „Асоцијацијата за македонски студии“, која прославуваше 80 години од постоењето, Караманлис истакна дека во следниот период за Грција постојат неколку важни предизвици.
Еден од предизвиците е одбраната и промоцијата на грчкиот карактер на Македонија и на заштитата на комерцијалниот бренд на името. Следниот предизвик според поранешниот грчки премиер е непостојаноста на САД, која „се одразува на битни прашања, како што се таканаречената Арапска пролет, контраверзните политики кон Сириското прашање, како и немањето на конзистентност на САД во нејзиниот однос кон Турција“.
Битно место во предизвиците за официјална Атина беше посветено на смислените и редовни провокации кои Турција и ги прави на Грција.
Нема сомнеж дека ние се соочуваме со директни и злонамерни ескалации од страна на Турција, од реката Еврос, па се до Кипар. Тоа се планирани и систематски ескалации. Но, сега барем знаеме каде се насочени стратешките потези на Анкара – додаде Караманслис.
Минатото не научи дека Грција не смее да дозволи да потпадне на провокациите на Анкара, ниту смее да дозволи ситуација на свршен чин во однос на нејзиниот суверенитет. Затоа мораме постојано да бидеме во состојба на приправност и подготвеност, бидејќи да не се залажуваме, одбраната на грчките суверени права и на националниот интерес најмногу зависи од Грција – подвлече Караманлис.
Ново на Сител
-

МВР ја заокружи летната сезона на апсење пиромани: Поднесени се пријави за 45 лица во врска со пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
