Каракачанов: Нашите браќа во Македонија гласаат без јасна перспектива како нас, факт е дека сме еден народ
Резултатите од локалните избори во Македонија покажаа дека и нашите браќа таму гласаат тврдоглаво, без јасна перспектива, како во Бугарија. Ова не е чудно со оглед на неспорниот факт дека сме еден народ. Сепак, таквото гласање е едноставно протест, а не решение на проблемите. Напротив, дури и ги продлабочува, пишува во Фејсбук статус бугарскиот политичар Красимир Каракачанов.
Тој во постот наведува дека Македонија влегува во опасна турбуленција, во која тие се наоѓаат повеќе од половина година.
„И голема заблуда е да се мисли дека без јасен увид за последиците, таму може да се решат горливите проблеми. А се можеше да биде многу поедноставно доколку Зоран Заев и неговата влада направеа напори да ги спроведат условите предвидени во Договорот за соседство. Така би продолжиле преговорите со ЕУ, а во нив Македонија би го имала бугарското рамо, како што се обврзавме. Но, не постои начин само една земја да ја почитува својата посветеност на меѓународните договори.
Реалноста е дека преговорите никогаш не почнале, бидејќи односите меѓу двете земји се на точка на замрзнување, а правата на Бугарите кај Вардар се на ниво на „Титова Југославија“. Се разбира, загрижени сме за изборниот триумф на ДПМНЕ - оние кои зборуваа за кршење договори, враќање на натписите на спомен-таблите во РМ, дефинирање на нашата земја како фашистички окупатор и повикуваа на сеопфатна дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија“, стои во статусот на Каракачанов.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава