Ракомет
11. July 2015 - 10:01

Карабатиќ се извлече со парична казна!

Најдобриот светски ракометар, францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ е осуден дека во 2012 година учествувал во местење на натпреварот меѓу Монпелје и Рен, кој неговиот тогашен тим Монпелје го загуби со 31:28.
 
Иако се шпекулираше дека ќе добие затворска казна, сепак судот реши да го казни Карабатиќ парично со 10.000 евра. Инаку обвинителството бараше тримесечна затворска казна и парична од 30.000 евра.
 
Покрај Никола Карабатиќ, во аферата местење беа приведени и неговиот брат Лука, францускиот репрезентативец Самуел Орумбија и поранешниот српски репрезентативец Младен Бојиновиќ.
 
Никола Карабатиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.