-->
-->
Карабатиќ избегна затвор?!
-->
Најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ нема да лежи затвор откако обвинителството одлучи наместо со затворска казна да ги казни обвинетите парично.
Пресвртот се случи откако Карабатиќ кој беше во средиштето на аферата постојано ги негираше обвинувањата и како виновници дека го злоупотребиле неговиот телефон ги потенцираше неговиот брат Лука и девојката.
Од Никола Карабатиќ според обвинителството ќе се бараат 30 илјади евра, од Лука Карабатиќ, Драган Гајиќ, Исам Теж и Самуел Онрубиа по 20 илјади евра, 15 илјади од Примож Прост, а десет илјади евра од Микаел Робин. Девојките на Лука и Никола Карабатиќ, Џенифер и Џералдин би можеле да платат по 7.500 евра.
Во скандалот со обложување беа вклучени вкупно 15 лица, а е од периодот кога Карабатиќ го носеше дресот на Монпеље. Конечната одлука на францускиот суд треба да биде донесе до крајот на оваа недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот