Капитенот Стојановски ја донесе првата победа на македонските кошаркари

Лука Стојановски ја презеде капитенстата одговорност и со шесте поени во низа вклучувајќи го и последниот на мечот, ја одведе Македонија до првата победа на Европското првенство (Б дивизија) за играчи до 18 години што се одржува во Скопје.
Во интересен меч во кој двете селекции имаа свои добри периоди на игра, Македонија ја победи селекцијат Исланд со 62-60 во дуел од Ц групата. Стојановски беше стрелец на 12 поени, колку што постигна и Андреј Јакимовки кој придодаде и 10 скока. Еден пени му недостасуваше и на Валмир Какруки средбата да ја заврши со дабл-дабл учинок, кој покрај 10-те скокови имаше и 9 поени.
Следниот предизвик за црвено-жолтите е селекцијата на Холандија која исто така во интересен и неизвесен меч загуби од фаворизираниот Израел со 80-75.
Натпреварот Македонија - Холандија кој ќе се игра во големата сала на СРЦ Кале ќе започне од 18 часот и 45 минути, додека претходно во оваа група ќе играат Чешка - Исланд и Израел - Луксембург.
Влезот за стите натпревари е слободен.
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
