Бизнис
26. May 2022 - 21:16

Капиталните инвестиции повторно настрадаа - што најмногу ќе се крати со ребалансот?

Ребалансот на буџетот не крати доволно пари. Ескпертите велат дека имало простор непродуктивните ставки да бидат уште помали. Посебно, што дел од нив и овој пат растат. Освен за плати и надоместоци, со ребалансот предвидени се и повеќе пари за патни и дневни трошоци, договорни услуги. Значајно се зголемува и ставката договорни услуги и тоа за 35 милиони евра. А расте и ставката за субвенции без да се води сметка од ефектот што го даваат.

И со овој ребаланс најмногу настрадаа капиталните инвестиции, за сто милиони евра. Петрески вели дека е тоа очекувано и вообичаено. Кратењето на парите за проекти не се должи на кризата туку на тоа што несоосдветно бил испланиран иницијалниот буџет.

Со Ребалансот на буџетот прогнозите за растот се намалени. Но, експертите предупредуваат и дека очекувањето БДП да се зголеми за 3,2% е оптимистичко во услови на тешка криза. Оптимистички се и предвидувањата дека во услови на постојан раст на цените на енергенсите и храната на глобално ниво, годината ќе заврши со 7,2% инфлација.