Капели: Хрватска започна да функционира како туристичка дестинација
Хрватскиот министер за туризам Гари Капели денеска изјави дека е испратена порака до околните земји дека Хрватска започна да функционира како туристичка дестинација, и покрај сите преземени мерки поради новиот коронавирус.
– Многу е јасна работата – можете да дојдете во хотел, камп, приватно сместување, можете да јадете во рестораните и внатре и на отворено. Може да изнајмите брод и да одите на едрење, пристаништата се отворени. Од денеска, Хрватска се крева туристички, изјави министерот Капели за ХРТ.
Тој додаде дека оваа недела е експериментална и дека ќе се види како сето тоа ќе функционира.
Капели рече дека во првите три месеци од туристичката сезона има поголема загуба, но, сепак, најважни се јули, август и септември, кога, според него, се остварува 63 отсто од прометот во туризмот.
Здружението на хотелиери на Хрватската стопанска комора предвидува дека поголемите хотелски компании ќе отворат приближно еден до два од можните десет хотели, додека другите чекаат целосно ослободување на бизнисот.
Агенциите и хотелите кои земаа пари за резервации пред епидемијата на коронавирусот, кои беа делумно потрошени за да се подготват за сезоната, сега треба да ги вратат. Станува збор за 200 до 220 милиони евра.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“