-->
-->
Кање Вест промовира колекција патики за деца
-->
Познатиот рапер Кање Вест промовираше сопствена колекција на патики за деца насловена „Јизи Буст 350“, која во САД се распродаде за само 15 минути по пуштањето во продажба.
Во меѓу време преку интернет почна и препродажба на овие патики и тоа за десет пати повисока цена од продажната, која изнесуваше 200 долари.
Кање уште во март оваа годинава, кога на најмладиот член на неговото семејство, синот Сент Вест му набави минијатурни патики, најави дека наскоро ќе почне со масовно производство на патики за деца.
Сега, Кање најави и колекција на патики за бебиња и мали деца, која би требало да се појави во август годинава. Иако цената на овие патики се уште не е официјално потврдена, се шпекулира дека тие ќе чинат 120 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено