-->
-->
Канело Алварес донира милион долари за жртвите од земјотресите во Мексико
-->

Канело Алварез, еден од најпопуларните мексикански спортисти, донираше милион долари за жртвите од земјотресот кој го погоди Мексико во последните две недели.
„Ова е најмалку нешто што можеше да направам. Се надевам дека и други луѓе ќе се вклучат за да им помогнат на настраданите“, изјави Алварез, кој беше трикратенсветски шампион во две боксерски категории, супервелтер и средна категорија.
Мексиканецот беше светски шампион во полусредна категорија пред да ја загуби титулата од Флојд Мејведер во 2013 година.
Да потсетиме, среден Мексико во вторникот го погоди силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер. Повеќе од 250 луѓе загинаа, а стотици згради беа уништени.
Земјотресот се случил само неколку часа откако жителите учествувале во вежбата во случај на земјотрес на годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1985 година, во кој загинаа 10.000 луѓе во главниот град.
Многу Мексиканци се уште се опоравуваат од земјотресот кој го погоди јужниот дел на Мексико на 7 септември и усмрти повеќе од 98 лица. Епицентарот на земјотресот во вторникот беше во централната држава Пуебла, на 120 километри јужно од Сиудад Мексико, објави Геолошкиот институт на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
