Кандидатот од партијата на Слави Трифонов е прв по првиот круг од изборите за градоначалник на Благоевград
По првиот круг од локалните избори во Благоевград, што важат за клучни пред предвремените парламентарни избори, кандидатот на партијата на Слави Трифонов, Илко Стојанов, е на првото место во битката за градоначалничката функција во овој југозападен бугарски град, јави дописникот на МИА од Софија.
На 4 јули, кога е вториот круг од локалните избори во Благоевград, кандидатот на „Има таков народ“ ќе се натпреварува со второпласираниот Румен Томов од бугарските социјалисти, покажуваат прелиминарните резултати од дополнителните избори за градоначалник, што се одржаа вчера.
Андон Тодоров, заедничкиот кандидадт на ВМРО и ГЕРБ, беше трет.
Ова беа први избори во Бугарија, што се одржаа целосно со машинско гласање. Во 120 од 140 избирачки места, изборот беше целосно машински, а на 19 гласачки места, поради помалку од 300 гласачи, се гласаше со гласачки ливчиња.
Изборите за градоначалник на Благоевград имаа екстремно низок одзив од 27 отсто, во споредба со 2019 година, кога на гласање излегоа речиси 50 отсто од запишаните избирачи.
Во трката за градоначалник на Благоевград учествуваа седум кандидати, од кои три беа жени.
До дополнителни избори за градоначалник на Благоевград доаѓа откако Врховниот управен суд во Бугарија му ги одзеде надлежностите Румен Томов од Бугарската социјалистичка партија, бидејќи тој не беше избришан од Трговскиот регистар по неговиот избор за градоначалник.
Аналитичарите во земјата овие избори за градоначалник во Благоевград ги сметаат за „генерална проба“ за предвремените парламентарни избори во Бугарија, закажани за 11 јули.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
