Канческа-Милевска: Реформските закони и во иднина да се носат со консензус во Собранието
Во насока на соопштението на независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата и во интерес на јавноста сакам да ве информирам дека, лично не сум учествувала во преговори на Законот за јавно обвинителство, ниту сум доставила било какви предлози по однос на овој закон.
Сметам дека реформските закони како што се носеа и досега со консензус во Собранието и во соработка со власта и опозицијата и останатите политички партии, треба и во иднина да се носат на истиот начин, вклучувајќи го и Законот за јавно обвинителство.
Одговорноста по однос на овие закони и реформи треба да биде заедничка.
Партискиот интерес како приоритет треба еднаш засекогаш да се тргне на страна кога станува збор за суштински и сериозни реформи во правосудниот систем и да се почитува пред се мислењето на експертите и професорите од оваа област вклучително и мислењето на меѓународната заедница.
Јавната дебата која се одржа во Собранието на дело покажа и докажа дека токму експертите и професорите како и голем број стручни лица имаат сериозни забелешки по однос на работната верзија на Законот за ЈО.
Заклучоците кои произлегоа од страна на јавната дебата треба да ни бидат добар основ во понатамошното носење на Законот за ЈО.
Власта и опозицијата треба да се надминат себе си и низ еден транспарентен процес во соработка со сите експерти кои подобро и по стручно ја владеат оваа материја од нив, да донесат квалитетно решение кое ќе овозможи почитување на принципот на владеење на правото согласно европските стандарди.
Елизабета Канчевска Милевска, пратеник
Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта