Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни веројатно ќе разговараат наредните денови откако САД воведоа царини од 35 проценти на стоки кои не се опфатени со трговскиот договор меѓу Америка, Мексико и Канада.
Ова за Си-Би-Ес Њуз го изјави министерот за американско-канадска трговија во федералната влада, Доминик ЛеБланк, и додаде дека е „охрабрен“ од неодамнешните разговори, како и дека верува оти договор за намалување на царините останува опција.
-Ние сме охрабрени од разговорите со американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, и со претставникот на САД за трговски прашања, Џејмисон Грир, но сè уште не сме дојдени до точката неопходна за да се постигне договор што е во најдобар интерес на економиите на двете земји, рече ЛеБланк.
МИА
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија