Канада воведува задолжителни вакцини за федералните службеници и за превоз
– Канада ќе ги испрати невакцинираните федерални службеници на неплатено отсуство и ќе бара вакцини против Ковид-19 за секој што патува со авион, воз или брод, изјави премиерот Џастин Трудо, презентирајќи едни од најстрогите досегашни политики за вакцинација во светот.
До 29 октомври, сите федерални службеници ќе треба да се изјаснат на онлајн портал дека завршиле циклус на имунизација. Луѓето над 12-годишна возраст кои користат домашни летови, возови и поморски превоз ќе мора да покажат дека се целосно вакцинирани до 30 октомври. Ова важи и вработените во транспортниот сектор.
– Овие мерки за превозот, заедно со задолжителната вакцинација за федералните службеници, се едни од најстрогите во светот. Ако ја направите вистинската работа и се вакцинирате, заслужувате слобода да бидете безбедни од ковид, рече Трудо.
Во Канада има околу 300.000 луѓе во државната служба, и дополнителни 955.000 лица вработени во сектори регулирани од државата. Тоа се околу осум проценти од сите вработени во земјата.
Канада целосно вакцинираше повеќе од 70 проценти од своето население од 38 милиони.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат