Канада ќе ги укина економските санкции кон Иран
Канада планира да ги укине економските санкции кон Иран и да отвори амбасада во Техеран, најави шефот на канадската дипломатија Стефан Дион.
- Канада ќе ги укине санкциите, истакна Дион одговарајќи на пратеничко прашање дали Отава планира да и дозволи на канадската авиокомпанија „Бомбардие“ да работи со авиокомпанијата „Иран ер“.
Иранскиот национален авиопревозник објави дека планира да ја обнови авиофлотата. Покрај купувањето на 114 авиони „Ербас“, зделка што денеска треба да биде склучена во Франција, „Иран ер“ сака да купи уште најмалку 20 помали авиони.
- Ако „Ербас“ може тоа да го направи, зошто не е и „Бомбардие“. Таквите економски санкции се шптетни за сите и ние ќе ја преразгледаме таквата политика, истакна Дион.
Тој додаде и дека Отава ќе отвори Амбасада во Техеран, но не наведе кога.
Канада во 2012 година ја затвори Амбасадата во Иран, а следната година воведе целосно трговско ембарго за Иран и воведе санкции за 78 физички и 508 правни лица.
Ново на Сител
-
Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип
-
Истрага за поткуп во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор
-
Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат