Канада ќе ги укина економските санкции кон Иран
Канада планира да ги укине економските санкции кон Иран и да отвори амбасада во Техеран, најави шефот на канадската дипломатија Стефан Дион.
- Канада ќе ги укине санкциите, истакна Дион одговарајќи на пратеничко прашање дали Отава планира да и дозволи на канадската авиокомпанија „Бомбардие“ да работи со авиокомпанијата „Иран ер“.
Иранскиот национален авиопревозник објави дека планира да ја обнови авиофлотата. Покрај купувањето на 114 авиони „Ербас“, зделка што денеска треба да биде склучена во Франција, „Иран ер“ сака да купи уште најмалку 20 помали авиони.
- Ако „Ербас“ може тоа да го направи, зошто не е и „Бомбардие“. Таквите економски санкции се шптетни за сите и ние ќе ја преразгледаме таквата политика, истакна Дион.
Тој додаде и дека Отава ќе отвори Амбасада во Техеран, но не наведе кога.
Канада во 2012 година ја затвори Амбасадата во Иран, а следната година воведе целосно трговско ембарго за Иран и воведе санкции за 78 физички и 508 правни лица.
Ново на Сител
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
-
Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта
-
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви
-
Магла во Делчево и Струмица
-
Облачно со локален дожд, температури до14 степени
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI