Канада извезува оклопни возила за Саудиска Арабија за 14 милијарди долари
Канадската Влада соопшти дека повторно ги договорила условите за веќе претходно склучениот договор во вредност од 14 милијарди долари за извоз на лесни околопни возила за Саудиска Арабија.
Спорд пишувањето на порталот „Дифенс Пост“ (Defence Post) овој договор од 2018 година е ставен на „чекање“, пред се, заради улогата на Саудиска Арабија во војната во Јемен и убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудускиот конзулат во Истанбул.
Продажбата на возилата тогаш беше прекината заради тензиите меѓу Отава и Ријад, а сега извозот може да биде продолжен, пренесуваат агенциите.
Потегот претставува промена во ставот на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој во декември 2018 година кажа дека може и да го раскине овој контроверзен договор.
Канадскиот минитсер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ кажа дека „Канада успеала да постигне значајано подобрување на договорот“.
Поништувањето на договорот „ќе резултираше со штета од повеќе милијарди долари за канадската Влада, потенцијално и до целосната вредност на договорот“, рече министерот.
Како подобрување на договорот Шампањ ја наведе финансиската заштита на Канада, доколку одлучи да ја одложи или укине извозната дозовола во случај возилата да не се користат во согласност со наведената цел.
-Според нашиот закон канадска стока не може да се извезува таму каде постои значителен ризик дека ќе биде користена за правење или олеснување на сериозните кршења на меѓународното хуманитарно право, на човековите права и насилство врз основа на полова разлика“, изјави канадскиот дипломат.
Ново на Сител
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
