Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли.
Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште не се зборува за намалување на извозот на стоки во САД.
Канада извезува околу четири милиони барели нафта за САД (околу 90 отсто од вкупниот извоз на нафта). „Се разбира, се работи за нафта и гас.
Се уште не сме го ставиле ова на маса, но го чуваме ова меѓу нашите карти – карти што потенцијално можеме да ги играме доколку работите ескалираат. САД го знаат тоа“, рече Џоли.
Претходно, властите во канадската провинција Алберта, која игра голема улога во канадскиот извоз на енергетски суровини, рекоа дека никогаш нема да ја прифатат идејата за намалување на извозот во САД.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета