Кампањата за избор на градоначалник на Штип завршува на полноќ

Кампањата на петмината кандидати за градоначалник на Општина Штип завршува ноќеска на полноќ, а веќе утре своето право на глас ќе го искористат 12 лица кои се заразени со коронавирусот или се во изолација. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева информираше дека во сабота ќе гласаат 66 болни и немоќни лица во своите домови, а во пет казнено-поправни институции можат да гласаат 67 осуденици од Општина Штип.
Пристигнат е недоверливиот материјал, а доверливиот односно гласачките ливчиња и избирачкиот список се очекува да пристигне во текот на попладневните часови. Според Државната изборна комисија во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип се запишани 39.605 гласача, во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор се запишани 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи. Вкупниот број на гласачи е 41.777.
Избирачките места кои се 77 на територија на Општина Штип на 13 декември ќе бидат отворени во 7, а затворени во 19 часот.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Од успешноста на правосудните реформи ќе зависи дали нашето судство ќе има сила да каже „не“ кога политиката ќе му каже „да“
-

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
-

Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување
-

Бошковска: Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав Николовски како несреќен случај
-

67-годишник измамен за 3000 евра од жена со која контактирал на социјални мрежи
-

Се судрил со автобус на ЈСП, па се обидел да побегне - приведен косовски државјанин
-

Сиљановска - Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите
-

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
