Македонија
3. October 2025 - 16:33

Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?

Кампања за локални избори петти ден. Цела работна седмица кружат видеа на социјалните мрежи на политичките опоненти за градоначалничкото столче во метрополата. Деновиве и омилената серија на телевизија некогаш ќе ви прекине со ветување дека Скопје ќе биде чисто.

А и во следните две недели тешко дека ќе можете да ги слушнете омилените хитови на радио без мала пауза за платена политичка реклама.

Но, каков градоначалник сакаат скопјани? Какви се нивните очекувања? Сител ги анкетираше минувачите. Граѓаните од идниот градоначалник очекуваат конкретни решенија, а не празни ветувања. Најчетите барања се насочени кон решавање на два проблема – ѓубрето и нефукционалниот јавен превоз.

Не мора да живееш во Македонија за да забележиш дека Скопје се дави во ѓубре. Наидовме и на туристи. Нивниот впечаток е дека улиците се нечисти, а отпад има насекаде.

-Мислам дека има многу ѓубре на улиците, а и зградите се криви.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме бараат новиот градоначалник да се фоксуира и на подобрување на воздухот, бидејќи во лето тешко се дише поради чадот од пожарите, а на зима чистиот воздух е синоним за луксуз.

Комуниколозите велат дека идниот градоначалник или градоначалничка во Скопје, мора да биде транспарентен и постојано достапен за проблемите на граѓаните.

Градоначалничката трка за Град Скопје ја трчаат вкупно 16 кандидати.