Македонија
21. September 2018 - 8:53

Кампања против насилството меѓу децата

Детали за започнување на кампања против меѓуврсничко насилство/булинг и одбележувањето на Светскиот ден на мирот со мировен марш, годинава посветен, исто така, на меѓуврсничкото насилство, ќе бидат презентирани денеска на прес-конференција во Првата детска амбасада во светот – Меѓаши. 

На ваков начин, како што посочуваат од Првата детска амбасада во светот - Меѓаши сакаат да упатат повик со сите училишта, наставници, родители, иницијативи, граѓански организации, независни активист(к)и, и поединци да се придружат во барањата за училишта без насилство.