Македонија
14. December 2021 - 16:31

Кампања против користење пиротехника за празниците

Болки, изгореници, повреда на очите, лицето па дури и без сите прсти на број. Колку на некој и да му се чини дека пукањето петарди е забавно и  вистински начин да се дочекаат празниците, нивната употреба може лесно да предизвика трајни последици.

За ова говорат и податоците според кои околу 180 000 луѓе во светот секоја година завршуваат со тешки повреди. Голем дел од нив се деца. Свесноста за проблемот, за жал и во Македонија не е на завидно ниво. Петардите се лесно достапни, а многумина нивната употреба ја третираат  како фамилијарна забава.

Освен што петардите не се безбедни ниту за луѓето ниту за домашните миленици, нивната употреба може да го испразни и џепот на граѓаните. Казните за употреба на пиротехнички средства се движат од 200 до 500 евра.