Кампања на ДПМ за стимулирање на книжевната критика
„Актуелните аспекти на книжевната критика“ е темата на која писателите ќе дебатираат на редовното Годишно собрание на ДПМ, што денеска ќе се одржи во 13 часот.
Друштвото на писателите на Македонија оценува дека прашањето за состојбата на критиката е актуелно и оти расправата на Годишното собрание може да придонесе за одредени сознанија кои ќе бидат во прилог на литературните остварувања и нивно правовремено и автентично валоризирање.
- Евидентна е ситуацијата на нарушени критериуми во естетското вреднување на делата, а тоа може да остави долгорочни негативни последици за литературата и нејзиниот развој. На проблемот треба да му се пристапува комплексно, со изградена стратегија, во која своја улога ќе има Друштвото на писателите на Македониј во поттикнувањето на оваа дејност, како важна компонента во афирмирањето на новите остварувања и нивно вградување во редот на проверените и потврдени книжевни вредности, информира ДПМ.
Со денешната расправа Друштвото на писателите на Македонија ја почнува кампањата за стимулирање на книжевната критика. Во пресрет на расправата ДПМ отвори нов оддел на својата веб-страница под наслов „Критика и есеј“. Оваа рубрика е отворена за сите видови конструктивна и аналитичка критика, вклучувајќи ја тука и полемиката како една од формите на соочување на различните гледишта во процесот на валоризирање на особеностите и естетските дострели на делата на членовите на ДПМ.
Ново на Сител
-
Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини
-
Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп
-
Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн
-
Сијарто: Нема да поддржиме членство на Украина во ЕУ, не нè интересира што мисли Москва за тоа
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“