Кампања на Царината против нелегални алкохолни пијалоци
Царинската управа на Македонија денеска промовираше кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“ со цел да ја зголеми свесноста за потенцијалниот ризик од консумирање нелегален алкохол.
Контролите на акцизните добра, како што појасни директорката на Царината Наташа Радевска Крстевска, покажале дека нелегалната продажба на алкохол е присутна и оти се откриени неправилности кај повеќе од 20 проценти од контролираните субјекти.
- Нелегалната ракија која се продава воопшто не е проверена од здравствен аспект, во повеќето случаи е откриено дека во амбалажа на реномирани производители во угостителски објекти се става и служи друга, нестандардизирана ракија, а јавноста воопшто не е свесна за последиците по здравјето од консумирање здравствено неиспитани алкохолни пијалоци, рече на прес-конференција Радевска-Крстевска.
Најголемиот дел од нелегалниот алкохол е од домашно производство, а мал дел од увоз.
При 500 контроли на акцизни добра од мај лани досега се откриени 102 прекршоци и се запленети над 4.000 литри алкохолни пијалоци,14 килограми режан тутун и 140 кутии цигари. Три случаи на нелегална продажба на алкохол се откриени при контрола на 25 малопродажни и угостителски објекти во тек на минатата недела. Со контролата се опфатени Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и Демир Хисар.
Во тек на кампањата „Не за нелегални алкохолни пијалоци“ Царината ќе дели информативни брошури преку кои ќе информира зошто, каде и како се произведува нелегален алкохол, кои се ризиците од консумирање, како да се препознае нелегално производен алкохол и каде да се пријави нелегална продажба.
Во зависност од наодот при контролата Царината кога ќе открие неправилност изрекува мандатна казна од 750 евра за правното лице, 250 евра за физичкото лице, како и 30 проценти за одговорното лице, а го одзема нелегалниот алкохол кој потоа се уништува. Мандатната казна за трговец поединец изнесува 500 евра. Ако се повтори неправилноста тогаш се применува мерка за забрана за вршење дејност, а кај случаи со значителна имотна корист се изрекува затворска казна од една до десет години затвор. Со контролите и кампањата се опфатени и пазарите. Доколку се затекне продажба на нелегална ракија за физичките лица следува прекршочна санкција.
Целосното управување со акцизите при увоз и при внатрешен промет е во надлежност на Царинската управа од 2010 година. Лани Царината наплатила 20,7 милијарди денари акциза, што е за 15,4 проценти повеќе во однос на 2014 година.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги