Живот
15. November 2017 - 14:33

Камионско тркало на смртта: Продавачка за милиметар се спаси

Работничка во една продавница на Тајланд била на своето работно место во моментот кога пред дуќанот запрела муштерика во автомобил.

Жената од автомобилот се наведнала низ прозорецот од возилото и се обратила за помош на продавачката, која потоа почнала да ја вади стоката од сандак од пред дуќанот. Потоа тргнала кон автомобилот, за да и го даде на муштериката купеното и да и наплати сметка.

Во моментот додека овие две жени разговараат низ прозорецот од автомобилот се случило нешто што можеше да има многу трагични последици.

Залутано камионско тркало „долетува“ од далечина со голема брзина. Со речиси неверојатна прецизност, прелетува точно меѓу двете престрашени жени, се одбива од ѕид и конечно се запира на земја.

За среќа, ниту една од нив не е повредена, но инцидентот ги остави во шок двете жени. Не е познато од кај се најде тркалото, како се откачило, од каде дошоло и со која брзина се движело.