Македонија
23. February 2024 - 16:47

Камионџиите на „брза трака“

Професионалните возачи од транспортните компании за товарен и патнички превоз ќе се најдат на „брза трака“ во МВР за издавање на пасоши, возачки и сообраќајни дозволи. Ова е договорено на заедничката средба во Штип, на министерот за транспорт и врски и претставниците на двете национални здруженија на транспортери.  

- Ќе биде формиран список од страна на двете здруженија, за возачи кои се професионални, кои имаат сертификат. Тој список ќе биде доставен до министерството, а потоа ќе го препратиме до МВР, за веднаш да бидат издадени оние пасоши, а оние кои што треба да се фотографираат веднаш да бидат повикани- изјави Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски.

Транспорерите истакнаа дека се работи за околу 200 возачи, но бројот може да биде и многу поголем, зашто многумина се низ цела Европа и допрва треба да се вратат во земјата. Дека се работи за доста сериозне проблем зборуваат и статистичките податоци.

- 96 % од превозот на увоз и извоз во Македонија, според статистика, се врши преку патниот сообраќај. Значи не смееме да дозволиме рафтовите да останат полупразни, се сеќавате како беше во Ковид_от, изјави Билјана Муратовска, претседател на Асоцијацијата на транспортери „Макам-транс“.

Побараа и зголемување на квотите за увоз на работна сила, зашто се соочуват со недостиг од возачи, како и измена на законското решение со кое дневниците за превозниците од лимитираните 40 евра, ќе се покачат на 60 евра.