-->
-->
Камион прегази пешак во ресенско
-->

Вчера околу 9:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола - Ресен товарно моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблици управувано од М.Б.(69) од Охрид удрило во пешакот Б.Т. (51) од село Долно Перово, Ресенско.
Во незгодата Б.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа-Ресен.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Ресен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
