Свет
17. January 2019 - 16:18

Камила предизвика застој во регионалниот железнички сообраќај во парискиот регион

Камила предизвика застој во регионалниот железнички сообраќај во Ил де Франс (парискиот регион), јавува дописникот на МИА.

Камилата се шетала на железничката пруга на линијата Р во близината на Фонтенбло во Сена и Марна, соопшти државната железница СНЦФ преку својот профил на Твитер. Најпрво не било препозната дека станува збор за камила, се мислело дека е лама.

„Сообраќајот е забавен на линијата. Образоложение:присуство на лама на пругата во Фонтенбло Авон“ – назначи на почетокот СНЦФ.

„Ламата се покажа дека е камила, со оглед на фотографијата и таа повеќе не се шета на пругата. Сообраќајот повторно се одвива нормално“ – беше втората порака на СНЦФ, пропратена со фотографија од животното.

Линијата Р опслужува 24 станици меѓу Париз и Монтеро и Монтаржис и пренесува 75 000 патници дневно.