Камерон: Велика Британија не може да биде „рај“ за валканите пари
Британскиот премиер Дејвид Камерон остро се спротивстави на претворањето на Велика Британија во „рај“ за валкани пари.
Камерон, кој се наоѓа на четиридневна турнеја низ неколку земји на Југоисточна Азија заедно со поголема група британски бизнисмени, во Сингапур порача дека „странците мора да бидат спречени“ да купуваат недвижен имот - скапи и ексклузивни станови и куќи за живеење - со „испрана готовина“.
Спречувањето на овој „бизнис“ треба да биде дел од глобалните напри за пресметка со корупцијата, смета британскиот премиер.
Излагањето на Камерон во Сингапур, во британските медиуми доаѓа по сознанијата дека „сомнителни“ компании купуваат скапи и екслузивни имоти низ Велика Британија, како и дека таквите примери се најбројни во Лондон и во реонот околу британскиот главен град.
Британскиот премиер се заложи целата меѓународна заедница да се вклучи во пресметката за совладување на, како што вели, „ракот наречен корупција“.
Според британските податоци, недвижните имоти се купуваат од странци, преку анонимни компании со „испрани“ пари.
Станува збор за нетрговски компании кои најчесто немаат никаква друга функција, освен да им служат на нивните сопственици за „посебни потреби“.
Повеќе од 100 илјади имоти во Велика Британија се заведени кај општинските и локалните власти на име на странски компании. Повеќе од една третина од овие имоти (станови и куќи) се наоѓаат во реонот на Лондон и се сопственост на разни оф-шор фирми.
Испитувањето открива дека повеќе од 122 милијарди фунти, вложени во недвижен имот во Англија и во Велс, се сопственост на разни оф-шор компании.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип