-->
-->
Камерон пристигна во Романија на почетокот од посетата на регионот
-->
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска пристигна во Романија на почетокот од посетата на регионот, во чии рамки ќе разговара за реформите во ЕУ, вклучувајќи го и прашањето за ограничување на социјалната помош за стотици илјади источноевропејци, кои живеат во Велика Британија.
Камерон за време на својот престој ќе се сретне со романскиот премиер Дачиан Чолош и со претседателот Клаус Јоханис, а ќе го посети и ноќниот клуб Колектив, каде ќе им оддаде почит на 60-те жртви во пожарот, кој избувна во објектот на 30 октомври.
Околу 175.000 Романци живеат во Велика Британија, но ограничувањето на социјалната помош за странски работници, за што настојува британскиот премиер, не е приоритетна тема за Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди