-->
-->
Камерон: Премиерлигашите претеруваат?!
-->
И британскиот премиер Дејвид Камерон изрази загриженост поради високата цена на влезниците во Премиер лигата.
Камерон реагираше откако фановите на Ливерпул ги напуштија трибините за време на дуелот со Сандерленд:
„Дефинитивно постои проблем. Некои клубови лесно секоја година ги креваат цените на влезниците иако добиваат големи пари од спонзорските договори и опремата“- изјави Камерун во Домот на комуната.
Илјадници навивачи на Ливерпул одлучија да ги напуштат трибините на мечот со Сандерленд во 77-та минута бидејќи најефтината влезница изнесува 77 фунти.
Премиерлигашите се подготвуваат за нов тригодишен договор вреден 8,3 милијарди фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета