Групата момчиња ја призна својата вмешаност во злосторството, а полицијата во четвртокот го однесе на самото место, да објаснат што се случило. На снимката се гледа и девојка, која на момчињата им помага да ја однесат до возилото. Во прашање е една пријателка на жртвата, која мислела дека тие навистина ќе ја однесат дома и дека тоа и биле пријатели.
Според наводите од полицијата, девојката е пронајдена истата вечер. Кога ја пронашле, имала пена околу истата, крварела од носот, а облеката и била расфрлана насекаде околу неа.
Останатите девојки кои биле во друштво на жртвата, порано си заминале дома, а една од нив рекла дека „Нонг не делувала толку пијано“.
-Нонг познаваше еден од нив. Таа беше таква, приајтелски расположена кон сите. За неа беше нормално да разговара со луѓео. Мислев дека таа дошла со нив и дека сите ги познава, рече пријателката.
Момчето кое девојкаа го познавала, тврделе дека тој само камионетот го возел до овоштарникот. Полицијата го испрати телото на обдукција за да се открие дали девојката била дрогирана, како и точната причина за смртта. Роднините се уверени дека девојката била дрогирана зошто не би се изгубила толку лесно.