Каменос: Се обврзуваме дека договорот нема да се ратификува во Парламентот
Јасна поддршка за Владата во пресрет на гласањето недоверба, но и јасна порака против договорот со Македонија испрати лидерот на Независни Грци и министер за одбрана Панос Каменос преку неговиот Твитер профил.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалициониот партнер во владата порача дека Независни Грци се обврзуваат договорот да не се ратификува во грчкиот Парламент и објасни дека денешното гласање не е поврзано со прашањето за името.
- За да ставиме крај на пропагандата за Македонија. Се гласа за крај на меморандумите и борбата против корупцијата. Никаков договор не е во сила, дури и да се потпише, ако не се ратификува, како што пишува во последниот член. Независни Грци, се обврзуваме да не се ратификува, напиша Каменос на Твитер, кусо пред два часот по полноќ.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати