Каменос: Обама ќе инсистира на помош за Грција

Американскиот претседател Барак Обама ме увери дека тој ќе инсистира на помош за Грција, со цел нашата земја да излезе од кризата, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос кој го пречека Обама на атинскиот меѓународен аеродром.
- Со неговите лични интервенции, американскиот претседател Барак Обама и помогна на Грција во тешки времиња, како за прашања поврзани со долгот со неговата интервенција на 15 јули кај францускиот претседател Франсоа Оланд, така и со постојани јавни ставови за соработка во Алијансата и поддршка за Грција, изјави Каменос за „Реал ФМ“.
Тој додаде дека му се заблагодарил за тоа и го пречекал во име на целиот грчки народ, истакнувајќи дека „неговата последна посета како претседател не е само симболична, туку и важна затоа што се испраќа порака за излез од кризата“.
- Тој го прифати тоа и ми рече дека тоа го прави со сето свое срце, бидејќи ова е земја на демократијата и оти ќе инсистира на помош за Грција, со цел грчкиот народ и Грција да ја надминат кризата. Тој беше многу пријателски и среќен што е во посета на Грција и ни кажа дека било негова одлука да ја посети Атина за време на неговото последно патување како претседател, рече Каменос.
Обама во моментов е на средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа ќе се сретне и со премиерот Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
