Каменос: Независни Грци нема да гласаат за доверба на Владата
Ако дадеме глас за доверба на Владата, тоа е како да го поддржуваме Договорот од Преспа, рече претседателот на Независни Грци кој на прес- конференција веднаш по средбата со Алексис Ципрас соопшти дека тие нема да гласаат за поддршка на владата, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на Независни Грци уште еднаш го повтори неговиот став дека тие не можат да поддржат и не се согласуваат со решение што го содржи терминот Македонија, но повторно го спомена и неговиот предлог и во Грција да се одржи референдум, односно како пример рече, заедно со евроизборите да има една гласачка кутија плус за Договорот од Преспа.
Во однос на Договорот од Преспа, Каменос рече дека не е ништо друго освен прелиминарен договор, што е противуставен, бидејќи не е потпишан од претседателот.
На прашањата на дописничката на МИА од Атина, која е неговата проценка дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, Каменос не даде јасен одговор, додека во однос на тоа дали Независни Грци би го поддржале протоколот за наше членство во НАТО, кусо и категорично одговори „не“.
На прес-конференцијата одржана во хотел во центарот на Атина, присутни беа четворица пратеници на Независни Грци, а отсуствуваа министерката за туризам, Елена Кундура и заменикот министер за земјоделство Василис Кокалис.
Ново на Сител
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп: Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата на првиот ден на мандатот
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено