Македонија
19. December 2015 - 16:45
Камен темелник на прва црква во населбата Карпош
Верниците од Карпош за прв пат ќе добијат духовно светилиште во урбаниот дел од општината. Поставени и осветени се темелите на новата црква посветена на Христос Спасителот.
Со години околу 100 илјади жители духовен мир бараат во најблискиот со километри оддалечен соборен храм или црквата во Ѓорче Петров.
Високото преосвештвенство го освети камен темелникот на новата црква. Владиката Стефан повика на човекољубие, ближност и почит кон Бога.
Ктирор на црквата е бизнисменот Зоран Антиќ а изгрдбата е помогната и од општината.
Верниците задоволни што нивното децеиско барање ќе стане реалност.
Поглаварот на МПЦ ги повика сите верници да помогнат да донираат и колку може да помогнат се со цел побрза изградба на црквата.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
-->
-->