Бизнис
21. September 2015 - 17:36

Каматата на евтините земјоделски кредитит се намалува од 3 на 2%

Кредити со камата од само два проценти за земјоделците. Премиерот Груевски најави дополнително намалување на каматите на кредитите кои се пласираат кај земјдоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Пласманот на кредитите е во три категори: примарното производство, преработувачките капацитети и за откупни центри, односно за извоз.

Се работи за кредитна поддршка со убедливо најповолни услови на пазарот. Рокот на отплата е 18 месеци доколу се работи за кредит за обрт и пет години за отплата на кредит за основни средства.