КАМ со македонска музика и локални производи прослави три децении јубилеј
КАМ, македонскиот број еден, завчера го прослави 30-годишниот јубилеј со свечен настан во Кисела Вода, на кој присуствуваа голем број граѓани кои уживаа во македонска музика и домашни производи. Настанот започна со отворање на нов 86. маркет во големото семејство на КАМ, кој воедно е еден од најголемите, со површина од 870 метри квадратни и проширен асортиман производи со висок квалитет, по ниски цени. Се наоѓа на улицата Христо Татарчев број 47 и располага со паркинг за 150 возила наменет за потрошувачите.
- Три децении КАМ е дел од секојдневието на македонските граѓани. Три децении исполнети со посветеност, труд и верба дека квалитетот не мора да биде скап. Кога ја отворивме првата продавница, нашата цел беше едноставна - да им овозможиме на луѓето достапни производи без компромис во квалитетот. Денес, со гордост можам да кажам дека таа идеја израсна во најпрепознатлив македонски бренд по кој луѓето ја препознаваат вредноста, сигурноста и домашниот дух. Овој јубилеј не е само наш успех. Тоа е успех на сите вработени, партнери и купувачи кои веруваа во нас и заедно со нас ја пишуваа оваа приказна. Ви благодариме што триесет години сте дел од семејството КАМ. Продолжуваме со истата посветеност кон нашите потрошувачи и со визија да бидеме уште подобри, посовремени и поблиску до секој дом во Македонија – вели сопственичката на КАМ, Тања Камчева Лазаревик која го отвори 86. КАМ маркет заедно со Цвета Камчева, основач на компанијата „Камфуд“, од каде почнува и целата компаниска приказна.
Присутните уживаа во богата програма за сите генерации. Гостите имаа можност да дегустираат специјалитети и многу локални производи.
Преку кратко видео и говор на Тања Камчева Лазаревик, беше претставена и 30-годишната приказна на КАМ – од „Камфуд“во 1995 година, првиот хард-дисконт маркет во 1999 година, лансирањето на приватната марка „Алпико“, експанзија на пазарот во Бугарија, отворање на најголемиoт логистички центар во Македонија, па сѐ до денес со вкупно 86 маркети во Македонија, 26 во Бугарија и над 1.500 вработени.
КАМ повторно потврди дека е бренд на кој му веруваат македонските потрошувачи и кој продолжува да инвестира во заедницата, домашната економија и идните генерации. Роденденските промоции и наградната игра со фонд од над 3.000.000 денари која ќе трае до 9 ноември, се само дел од благодарноста кон лојалните купувачи.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
-
Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот
-
ЕП усвои резолуција за Србија
-
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
-
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
-
Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци