Калн: ЕУ треба да преземе чекори за укинување на визите за турските граѓани

Турција очекува чекори од страна на Европска унија за да им се дозволи на турски граѓани да патуваат без визи во земјите-членки на ЕУ што е можно побрзо, изјави денеска Ибрахим Калн, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,
Во рамките на договорот за мигрантите, постигнат меѓу Турција и ЕУ, Анкара се согласи да го запре бранот нелегални мигранти кон Европа во замена за безвизно патување на турските граѓани и финансиска помош. Укинувањето на визите е блокирано поради несогласувањето на ЕУ со турските антитерористички закони.
Калн исто така апелираше до израелската Влада да ја прекине „политиката на нелегално населување“ на палестинска земја.
Ердоган претходно ја осуди одлуката на Израел за изградба на населби во Западен Брег како „апсолутна провокација“. Израел минатиот месец објави планови за изградба на уште 3.000 домови во Западен Брег, а изгласа и Закон за легализација на околу 4.000 домови.
Портпаролот на Ердоган посочи дека кипарските Турци нема да учествуваат на утрешната средба на лидерите на Кипар поради одлуката за одбележување на годишнината од референдумот од 1950 година, кога кипарските Грци изгласаа обединување со Грција.
Ново на Сител
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
