Македонија
1. August 2017 - 11:05

Калиманци со 45 милиони метри кубни вода, дистрибуира на двата канала

За успешно завршување на наводнителната сезона во Источна Македонија, во акумулацијата Калиманци до денеска се акумулирани 45 милиони и 143 илјади метри кубни вода.

Ваквите расположливи количини на вода во акумулацијата Калиманци се доволни за квалитетно и навремено завршување на наводнителаната сезона во општините од регионот, информира АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Брегалница“ од Кочани, кое стопанисува со хидросистемот „Брегалница“.

Според планот за наводнување се испорачуваат 14,5 метри кубни вода во секунда до крајните корисници и на двата магистрални канали. Во десниот магистрален канал се испорачува 11 метри кубни вода во секунда, а во левиот магистрален канал 3,5 метри кубни вода во секунда.

Дистрибуцијата на вода низ полињата кои ги опфаќа хидросистемот „Брегалница“ се врши на време и редовно според потребите на водокорисниците и временските услови, согласно динамиката и планот за испорака на вода. 

Од АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Брегалница“ од Кочани истакнуваат дека секојдневно ја следат состојбата со високите температири на терен и според потребите и нарачките испорачуваат доволни количини за наводнување.