Калеска - Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, дури и за лични цели
Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира предлог законот за поништување на лустрацијата е само уште еден доказ дека во оваа партија ништо не е променето, изјави денеска Снежана Калеска Ванчева, пратеничка од СДСМ.
-Наместо да се оградат, Христијан Мицкоски и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги бранат бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот. На ниту еден можен начин ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се дистанцираат од грешките и злоделата на Никола Груевски, напротив ги штитат, ги бранат и ги чуваат. Ова е најдобар доказ дека Груевски му е шеф на Мицкоски и дека тоа е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, дури и за лични цели. Тоа можевем да го слушнеме и во прислушкуваните материјали каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Милошоски, Јанкуовска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба, смета пратеничката Калеска - Ванчева.
Според неа бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрација, кои свесно ги спроведуала ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда според СДСМ треба да се исправи со новото предложено решение.
Со него се отстрануваат штетните последици по лицата кои биле жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и другите органи и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, а се предвидува и надомест на штета, потенцираше Калеска - Ванчева.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица