Калавера: Евроатлантскиот пат на Македонија е преку договорот со Грција

Преговарачкиот процес за членство во Европската унија не е променет, ниту построг и потежок, само сме повеќе подготвени да помогнеме да успеете врз основа на досега научените лекции кои се основата на сите демократски општества, порача директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за пристапни преговори и соседска политика Геновева Руис Калавера на отворањето на конференцијата „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“ во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Калавера ги повика сите вклучени во преговарачкиот процес да ги искористат сите алатки кои им стојат на располагање за подобри преговори за членство и напредок на патот кон ЕУ.
- Ставот на меѓународната заедница е јасен - договорот со Грција е историски и ги отвора можностите за просперитет и стабилност на земјата и регионот. На 30 септември имате исклучителна можност да одлучите и исцртате иднината на земјата, порача Калавера.
Нагласи дека се поставени јасни насоки за ставање на земјата на евроатлантскиот пат, почеток на преговори со НАТО и преговори за членство во ЕУ во 2019 година.
- Во скрининг процесот ќе ја гледаме секоја политика за да одредиме колку и како е подготвена земјата. Ова не е само техничка задача, туку има конкретно влијание на животот на секој граѓани. Ќе следиме каков е квалитетот на воздухот, водата и храната, образовниот систем, како и економијата на земјата, рече Калавера.
Реформите во судството, борбата против корупцијата, разузнавањето и администрацијата, нагласи таа, не се за задоволување на желбите на Брисел, туку за подобар живот на сите граѓани на Македонија.
Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер порача дека Македонија е подготвена за влез во долгоочекуваната следна фаза во ЕУ-интеграциите, односно дека се исцртани контурите во преговарачкиот процес и почеток на скрининг процесот во Брисел следната недела.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
