Македонија
9. December 2015 - 8:12

Какво време не очекува денес

Времето во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. По котлините се уште ќе биде магливо и тивко особено во долниот дел на Повардарјето и во Пелагонија. Кон крајот на денот се очекува засилување на ветерот од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување на маглата. Кон крајот на денот ветерот ќе се засилува од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста, но ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика расејување на маглата.

За време на викендот, пак, ќе преовладува сончево и малку попријатно и потопло време со мала до умерена локална облачност.