Македонија
7. December 2015 - 8:15

Какво време не очекува денес?

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, по котлините со утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

Температурата ќе се движи од девет до 18 степени.
 
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 
 
Температурата ќе достигне до 11 степени.
 
Во текот на работната недела ќе се задржи стабилно и суво со релативно високи дневни температури на воздухот. Во утринските и претпладневните часови во котлините и речните долини, особено во централните делови ќе има ниска облачност и појава на магла и таму преку денот температурата нема многу да се покачува.