Балкан
2. April 2017 - 21:30

Какви се резултатите на претседателските избори во Србија по 50% преброени гласови?

Александар Вучиќ е пред победа во првиот круг од претседателските избори во Србија.
 
Според 50,30 отсто обработени гласови, Вучиќ има огромна предност пред Саша Јанковиќ со совоени 58,40 отсто од гласовите. Јанковиќ е на втората позиција со 13,60%. Трет е Лука Максимовиќ- Бели со 9,20%, четврт Вук Јеремиќ со 5,60%, додека петти Војислав Шешељ со 4,50%.