Македонија
19. September 2021 - 16:47

Каква кампања ќе тераат партиитe - Дали масовните собири ќе ја влошат епидемиолошката слика?

На осум дена пред стартот на предизборната камапања партиите се уште го подготвуваат начинот на кој ќе ги претстават своите кандидати пред граѓаните. Дали ќе се организираат митинзи и поголеми средби со граѓани на отоворен или затворен простор и дали ќе тропнат од врата на врата во период на пандемија кога не стивнуваат ниту бројките на заразени, ниту на починати лица.

Поголемите партии од кои денеска побаравме одговор на овие прашања велат дека сето ова ќе зависи од анализите на епидемиолошката состојба кои се уште ги прават, бидејќи безбедноста и заштита на здравјето на граѓаните ќе биде приоритет. Сепак, конкретни насоки и протоколи од Комисјата за заразни болести немаат добиено.

Одговор на овие прашања не успеавме да добиеме од владејачките СДСМ и ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ како што веќе најави ќе води позитивна кампања и промоција на проектите и програмата, кои што ќе ги реализираат нашите идни градоначалници. Во врска со теренските активности, ние ќе допреме до секој еден човек да ја испромовираме нашата визија, идеја и цел, а форматот на средбите ќе го утврдиме следните денови“ 

„Нашата цел е нашата програма и квалитетот на кандидатите да допре до граѓаните. Сепак се уште ја анализираме епидемиолошката состоја од која најмногу ќе зависи дали ќе организираме поголеми настани и средби со граѓани, бидејќи во период на пандемија воопшто не е безбедно да ги посетуваме граѓаните дома. Конечната одлука партиските органи ќе ја донесат во текот на следната недела“ кусо ни одговорија и од Алијанса за Албанците.

Кампањата официјално стартува на 27 септември. Во меѓувреме Државната изборна комисија ги прави и последните подготвки, откако вчера истече рокот за потврдување на поднесените кандидатури кои ќе се официјализираат до крајот на денот. Најдоцна до петок ДИК преку жрепка ќе го одреди и изгледот на гласачкото ливче, а политичките партии ќе треба да потпишат Кодекс за фер изборен процес. Во тек е и набавката и подготовката на серверот за гласање со отпечаток на прст кој за прв пат ќе се спроведе за овие избори чиј прв криг е закажан на 17-ти, а вториот на 31 октомври.